Швајцарците денеска на референдум

Од:

Швајцарците денеска гласаат на референдум за закон со построги услови за добивање дозвола за поседување на одредени видови оружје.

Властите предупредија дека отфрлањето на законот би можело да доведе земјата да биде исклучена од европските договори за Шенген и Даблин, со кои е поврзана, иако не е членка на Европската унија.

Некои спортски здруженија го критикуваа законот, наведувајќи дека е бескорисен во справувањето со тероризмот.

Оружјето е широко распространето во Швајцарија.

Се проценува дека околу 2,3 милиони граѓани имаат оружје, што е околу една третина од населението во таа земја.

Поостри мерки ќе се однесуваат и на полуавтоматско оружје, како и на одредени видови на пушки.

Би можело да ве интересира

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски