Шумски пожар во Колорадо, евакуирани 11.000 луѓе

Од:

Шумски пожар, кој се шири во американската држава Колорадо, предизвика евакуација на 11.000 луѓе од Колорадо Спрингс и неколку други градови.

Пожарот е еден од 20-те кои неконтролирано горат во американски сојузни држави, воглавно во западниот дел потпомогнати од силни ветрови и високи температури. Во соседната држава Јута, поради пожари евакуирани се 2.500 луѓе.

Според официјални лица, од Маниту Спрингс евакуирани се 6.200 луѓе. Наредбата за евакуација е издадена синоќа. Американските власти наредија напуштање на Грин Маунтаин Фолс, паркот Чипита и Каскејд. Нема уништени објекти во таа област.

Портпарол на областа Ел Пасо нагласи дека пожарот гори на 3,2 км, од подножјето на врвот Пике и тоа е според многу оценки, најпосетената планина во Северна Америка. Пожарникари се обидуваат да локализираат и голем пожар западно од местото Форт Колилнс, а за кој официјални лица претпоставуваат дека од избивањето пред две недели досега уништил 248 куќи.

Во друг пожар кој изби викендот во Колорадо, уништен е 21 објект. Пожарот е предизвикан од гром, и жртва е само една 62-годишна жена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски