Шумер: Бајден ќе додели две милијарди долари на Њујорк

Од:

Преодниот тим на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се обврза на Њујорк му додели околу две милијарди долари за надомест на трошоците на државните и градските власти поради Ковид-19, изјави сенаторот Чак Шумер.

Тој набрзо ќе биде мнозински лидер во Сенатот и се залага за зголемување на средствата откако гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо и градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, соопштија дека пандемијата предизвикала финансиски проблеми.

Финансиската помош за Њујорк следи по речиси едногодишна борба во Конгресот со републиканците кои одбиваа да одобрат државна помош за државните и локалните влади.

Шумер наведе дека Бајден ќе биде фокусиран на економското заздравување на САД.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин