Шулц: Со Русија постои „тензична ситуација“ која не смее да излезе надвор од контрола

Од:

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц изјави дека со Русија постои „тензична ситуација“ која не смее да излезе надвор од контрола.

Шулц во интервју за виенскиот весник „Курир“ изјави дека Русија е земја членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето и обврска да го штити меѓународното право и нема право да го крши.

– Кога нешто такво ќе се случи тогаш мора да се каже доста е, така не може повеќе. Патат кон санкции беше долг, но на крајот санкциите беа неизбежни. Русија е наша соседна земјa и не може за еден ден со магично стапче да се промени. Владимир Путин, исто така, има силна поддршка од населението, поради што мора да изнајдеме „модус вивенди“, објаснува Шулц.

Шулц нагласи дека го поддржува германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер за посетата на Русија, додавајќи дека мора да се повлечат граници, но истовремено да се остави можност за преговори.

Според Шулц Русија во суштина е партнер на ЕУ и тоа треба да се покаже, нагласувајќи дека партнерството функционира само на рамноправна основа.

На прашањето дали е вознемирен поради обидот на Путин со кредити да ги освои десничарските партии во Европа, Шулц изјави дека е среќен поради тоа што антиграѓанските, антидемократски и антиплуралистички ставови на десничарско-популистички партии конечно излезе на површина.

– Путинизмот, што тежи кон враќање на националната гордост наспроти декаденцијата на западниот свет наоѓа плодна почва меѓу десничарко-популистичките партии. На нашите граѓани мора да им се каже дека тие луѓе моментално го покажуваат своето вистинско лице. Мари Ле Пен не сака никакви демократски структури, таа сака авторитарна држава. Кој гласа за таа партија ќе добие путинизам, нагласи шефот на ЕП.

Шулц од однос на ЕУ нагласи дека унијата претставува повеќедецениско ветување за подобри услови за живот за сите граѓани. – Тоа ветување се уште постои, но не се почитува. ЕУ на младите повеќе не нуди стабилност и безбедност, туку дерегулирани пазари и банки, кои шпекулираат и го растураат имотот на народот, нагласи тој.

Според Шулц ЕП презема мерки да делува против тоа, како што се банкарска унија, регулирање на инвеститорите и сопствениците на банки да носат одговорност за преземаните ризици, а не како досега само даночните обврзници.

– Сепак, зачудувачки ваквите мерки за решавање на кризата никогаш не проаѓаат и кризата се зголемува, што ме загрижува, нагласи претседателот на ЕП.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ