Шулц: 9. Мај потсетник за Европејците дека живеат во заедница со висок степен на меѓусебна поврзаност

Од:

Лесно е да го празнуваме Денот на Европа во добри времиња, кога има многу работни места, а растот на економијата е висок.

Потешко е тоа да се случува кога луѓето ја губат работата, не можат да пронајдат вработување, откако ќе го завршат школувањето или мораат да го затворат семејниот бизнис, поради отежнатите услови за добивање кредит, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Тој во изјавата по повод Денот на Европа истакна дека изминатите четири години зборови, кои најчесто се поврзуваат со Европа се криза, ограничувања и невработеност.

– Со растечкото чувство на безизлезност и без надеж за вистинска промена, перспективите пред Евросската унија се тешки, додаде тој.

Шулц истакна дека 9 мај треба да ги потсетува Европејците дека европската заедница е составена од држави и граѓани со висок степен на меѓусебна поврзаност.

– Успехот на еден не може да биде постигнат на сметка на пропаѓањето на друг, независно дали станува збор за банкарски надзор или економско управување, за интелектуална сопственост или за научни истражувања. Нашиот напредок, безбедноста и суверенитетот во 21 век ќе бидат активности на европско ниво, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ