Штрајк на дел од јавниот сектор во Брисел за подобри работни услови и повисоки плати

Од:

Околу 18.500 вработени во белгискиот јавен сектор денеска излегоа на улиците во Брисел барајќи подобри работни услови и повисоки плати во своите сектори особено погодени за време на пандемијата Ковид-19.

Штрајкуваат вработени во болници, домашна нега, домови за сместување и згрижување деца.

Вработените во јавниот сектор протестираат за да привлечат внимание на недостигот на персонал и големиот обем на работа, а истовремено бараат подобри работни услови и поголема плата.

Пандемијата на Ковид-19 го влоши веќе постоечкиот недостиг на здравствен персонал, велат синдикатите, додавајќи дека испратиле „неколку предупредувачки сигнали до различни влади и министри, но безуспешно“.

Синдикатите исто така ја осудуваат белгиската Влада што не дава поголема поддршка за социјалниот и здравствениот сектор во буџетот за 2023 година.

Протестите почнаа минатиот декември и имаат за цел да го привлечат вниманието на очигледниот недостиг на персонал, како и на работните услови кои тие ги опишаа како „неодржливи“.

Овие сектори очекуваат зголемување на платите за да можат да привлечат млада и способна работна сила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се качи на познатата скулптура и ја скрши, туристот веднаш беше уапсен

Предраг Петровиќ

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Џамбаски: Владата во Скопје лобира во Брисел, во лажирањето на извештајот се вклучени и европратеници

Орце Костов

Хаос во Брисел: Закани за можен терористички напад

Вооружени мажи се уапсени недалеку од седиштето на ЕК во Брисел

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач рани три лица во напад со нож во метрото во Брисел

Горан Наумовски