Штитеници на домови за стари лица во Норвешка починале откако ја примиле вакцината на Фајзер

Од:

Норвешката Агенција за лекови соопшти дека две лица кои биле штитеници на старски домови во земјата, починале неколку дена откако ја примиле вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот.

Отворена е истрага која треба да утврди дали постои врска меѓу смртните случаи и вакцинирањето и каква е таа, се додава во соопштението од регулаторното тело.

„Мораме да утврдиме дали вакцината е причина за смртта или се работи за коинциденција што тоа се случило кратко откако ја примиле вакцината,“ пишува медицинскиот директор на Агенцијата, Стајнер Мадсен во соопштението, во кое не се открива возраста и полот на починатите пациенти.

Тој додава и дека, поради тоа што луѓето во поодминати години се први што ја примаат вакцината во земјата, целосно е можно смртта на пациентите да е случајна. Околу 400 луѓе умираат секоја недела во домовите за стари лица во Норвешка.

Агенцијата, заедно со Националниот институт за јавно здравје, ги истражува смртните случаи.

Досега пријавените несакани ефекти од вакцината беа релативно безначајни и со привремено дејство, иако имаше и извештаи за посериозни алергиски реакции во САД и во Велика Британија, кај луѓе кои имаат историја на алергии.

Бројни владини официјални лица веќе ја примија вакцината на Фајзер и Бионтек, вклучувајќи го и американскиот потпретседател Мајк Пенс. Вакцинацијата во Норвешка, која првично планира да имунизира 1.3 милиони луѓе од ризичните групи, започна на 27 декември.

Би можело да ве интересира

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло

Кавги меѓу соседите: 42 ирваси од Норвешка ја минале границата на пасење, Русите бараат милионска отштета