Штајнмајер: Германија нема да учествува во нападите врз ИД

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер изјави дека неговата земја нема да биде вклучена во какви било воздушни напади или копнена офанзива во борбата против екстремистичката организација Исламска држава (ИД) во Ирак.

Штајнмајер нагласи дека Германија како членка на меѓународната коалиција во борбата против припадниците на ИД во Ирак и Сирија, предводена од САД, има одговорности, но дека нема да преземе значителна улога.

– Одлуката на Берлин да обезбеди оружје за курдските борци кои се борат против ИД не беше лесно донесена, изјави Штајнмајер за германскиот јавен сервис АРД, додавајќи дека Германија не е под притисок да им се придружи на САД и Франција во воздушните напади на територии под контрола на ИД.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани