Штајнмаер за депортација на одбиените азиланти на Балканот

Од:

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер побара што побрзо да бидат вратени азилантите од Балканот во свои домови и предложи Косово, Албанија и Црна Гора да бидат прогласени за држави со безбедно потекло.

– Од 30 до 40 отсто подносители на барањата за азил се од држави од Западен Балкан. Таа ситуација веќе не се издржува, изјави Штајнмаер за Билд ам Зонтаг.

Тој додаде дека таа група подносители на барања немаат шанси да добијар азилантски статус во Германија.

Поддршка за своите барања тој доби од својот партиски колега социјалдемократот Томас Оперман.

– Косово, Албанија и Црна Гора во споредба со Сирија, Ирак и Судан се безбедни држави, изјави тој за Велт ам Зонтаг и нагласи дека во Германија не постои право на работна миграција.

Оперман побара ангажирање пензионирани службеници за да се помогне на Сојузната служба за миграција и бегалците скратување на азилантската постапка за која се залагаат германските политичари.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски