Штајнмаер ја повика Украина на преговари со сепаратистите

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја повика Владата во Киев на преговари со проруските сепаратисти, предупредувајќи дека нема чисто воено решение на конфликтот, се наведува во неговото соопштение, цитирано од француските медиуми.

-И покрај тоа што ситуацијата во Украина се промени во корист на украинските сили за безбедност, нема да има чисто воено решение на конфликтот, уште повеќе што повеќето сепаратисти во моментов се зацврстени во Доњецк, изјави Штајнмаер за време на својата посета на Монголија.

Германскиот шеф на дипломатијата подвлече дека проруските сепаратисти не учествувале на седницата на Контакт групата во Киев, на која учествуваат Украина, Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Штајнмаер преговорите ги нарече „особено тешки“.

„Сите страни ќе постапат разумно“ доколку ги следат соопштенијата од Берлин што беа донесени во средата, подвлече Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим