Шри Ланка блокираше пристап до социјални мрежи по напади врз муслимани

Од:

Властите во Шри Ланка објавија денеска дека привремено блокирале некои социјални мрежи и апликации за пораки, вклучувајќи ги и Фејсбук и Ватсап, по напади врз продавници на муслимани и џамии.

Илјадници луѓе фрлаа камења врз џамии и продавници на муслимани, а еден човек беше претепан во градот Чилав на западниот брег по дебата на Фејсбук.

Властите велат дека го уапсиле креаторот на содржината на Фејсбук, тој е 38-годишниот Абдул Хамид Мохамед Хасмар, чиј коментар „еден ден ќе плачете” беше протолкуван како закана.

Властите уапсија група луѓе во областите Кулијајапија и Думаласурија, доцна во неделата и рано денеска заради напади врз продавниците во сопственост на муслимани.

Зголемувањето на насилството се случува три недели по нападот на исламисти врз три цркви и четири хотели, каде беа убиени 250 луѓе.

Би можело да ве интересира

Воен ловец „У-12“ се урна во Шри Ланка, четворица загинати

Ана Ололовска

Поранешниот министер за одбрана – нов претседател на Шри Ланка

Ана Ололовска

Претседателски избори во Шри Ланка

Ана Ололовска

Колективно труење со храна во центар за пребројување на гласови во Шри Ланка

Ана Ололовска

Шри Ланка: За последиците од нападот одговорен е шефот на тајната служба

Ана Ололовска

Во Шри Ланка слон подиве и повреди 18 лица

Ана Ололовска