Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој е близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, денеска ги повика ЕУ и Русија да „излезат од вртлогот на санкциите“ и покрај украинската криза.
– Меѓусебните санкции премногу штетат и на двете страни. Затоа ги повикувам европските политичари, како и руските, да излезат од вртоглот на се потешките економски санкции, истакна Шредер на прес-конференција.
Тој му даде поддршка на дијалогот како „единствен начин за обновување на довербата“.
Според него, мир и стабилност на континентот може да има само при здраво партнерство со Русија, потенцирајќи дека Москва не може да биде изолирана.