„Шпигл“: Отровната пченка е од Србија

Од:

Германскиот весник „Шпигл“ напиша дека во Долна Саксонија се откриени најмногу 10 илјади тони контаминирана пченка која пристигна од Србија,а се користи како сточна храна.

Податоците денес ги изнесе министерството за земјоделство во Хановер.

Се наведува дека повеќе од 3.500 фарми во покрината се снабдуваат со пченка, која што е контаминирана со афлатоксин, а е увезена од Србија.

И весникот „Велт“ напиша дека станува збор за 10 илјади тони контаминирана пченка која што се користи за исхрана на добитокот.

Според „Шпигл“ во Германија се увезуваат околу 45 илјади тони пченка.

Министерството за земјоделство во Хановер додаде дека според првите проценки појава на афлатоксин во сточната храна, нема опасност за жителите и дека од денес ќе се засилат контролите за храна.

Додадоа дека ќе се проверува дали некоја супстанција стигнала во млекото, иако до сега не е утврдено нивото на афлатоксин да ја надминува границата.

Во Германија максимално дозволеното ниво на афлатоксин Б1 изнесува 0,02 милиграма по килограм, а министерството за земјоделство наведе дека во пченката која што е испорачана од Србија, нивото изнесува 0,204 милиграма по килограм.

Во меѓувреме група граѓани во Србија, протестираат пред владата поради одлуката аферата со млеко да се „реши“, така што ќе се промени правилникот за дозволено количество на афлатоксин, така што ќе се зголеми нивото од 0,05 микрограми по килограм на 0,5.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов