„Шпигел“: Германија може да го блокира присоединувањето на Бугарија и Романија во Шенген

Од:

Доколку е неопходно Германија ќе го блокира присоединувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната, изјави шефот на германската дипломатија Ханс-Петер Фридрих во интервју за „Шпигел“.

Се планира одлуката по тоа прашање да биде донесено идната седмица на седницата на Советот на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи во Брисел, пренесе БТА.

Според германскиот министер намерата на Софија и Букурешт да се присоединат кон безвизната зона „ќе претрпе неуспех поради ветото на Германија“.

– Граѓаните поддржуваат проширување на Шенген зоната, само ако (во Бугарија и Романија) бидат исполнети сите услови. Досега тоа не се случи, изјави Фридрих.

Министерот ја даде изјавата откако беа објавени статистички податоци според кои 70 проценти од Германците го поддржуваат воведувањето на ограничувања за миграција од земји-членки на ЕУ,

Ако во 2007 година во Германија живееја 64.000 бегалци и имигранти од Бугарија и Романија, најмногу Роми, во моментот нивниот број е 180.000.

Германците стравуваат дека со присоединувањето на двете земји кон безвизниот режим, бројот на имигранти уште повеќе ќе се зголеми, што ќе доведе до уривање на германскиот социјален систем.

Фридрих потсети дека правото на движење и жителство предвидува постојана работа или школување.

– Оние, меѓутоа, кои пристигнуваат во Германија, само за да добиваат социјана помош, ги злоупотребуваат тие слободи и треба да стоиме подалеку од нив, истакна министерот за внатрешни работи.

Романија неколку пати беше одбиена да се приклучи кон Шенген зоната, бидејќи Букурешт не презема доволно ефикасни мерки за борба против корупцијата, организираниот криминал и не може да обезбеди безбедност по своите граници.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната