Шпанскиот Уставен суд го отфрли каталонскиот декрет за одржување референдум

Од:

Уставниот суд на Шпанија на вчерашната вонредна седница го прифати барање на Владата во Мадрид за оценување на уставноста на Законот за одржување гласање кое нема карактер на референдум, усвоен во каталонскиот парламент, како и декретот за одржување референдум за независност на Каталонија на 9 ноември, со што автоматски е укинато нивното важење.

На едночасовната седница учествувале 12 судии на Уставниот суд, а страните во спорот имаат 15 дена на Судот да му ги претстават нивните аргументи.

Владата на Мариано Рахој претходно побара планираниот референдум за независност на Каталонија да се прогласи за неуставен.

Со прифаќање на жалбата, Уставниот суд ефикасно го постави надвор од сила каталонскиот закон и декрет, имајќи предвид дека донесувањето на оценките би можело да трае неколку години.

Каталонската Влада, меѓутоа, веќе најави дека ќе продолжи со подготовките за одржување на необврзувачкиот референдум, дури и во случај на судска суспензија.

Според истражувањето на јавното мислење, поголемиот дел од Каталонците сакаат одржување на референдум.

Би можело да ве интересира

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски