Шпански полицајци во Украина ќе помагаат во истрагите за воени злосторства

Од:

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез најави дека следните недели шпанска полиција ќе биде распоредена во Украина, која ќе помогне во истрагите за наводните воени злосторства.

Претставници на шпанската полиција веќе пристигна во Киев на средба со претставници на украинското државно правобранителство, при што беа договорени условите за соработка, а исто така беше прецизирано во кои области ќе бидат распоредени шпанските полицајци.

Шпанските офицери ќе работат заедно со украинските истражители и обвинители за да соберат докази што би можеле да бидат вклучени во истрагата за наводно кршење на меѓународното право по руската инвазија врз Украина во февруари.

Санчез најави и дека на крајот на ноември ќе почне со работа нов центар за обука на украинските војници во шпански град Толедо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина