Шпански функционер, близок до премиерот, позитивен на коронавирус

Од:

Шефот на шпанскиот Центар за вонредни ситуации при Министерството за здравство Фернандо Симон, кој го предводеше тимот за борба против новиот коронавирус, е позитивен на Ковид-19, соопшти неговата заменичка Mарија Хозе Сиера.

Симон одржуваше редовни контакти со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Сиера, исто така, информираше дека е променет трендот на заболување, па сега бројот на новозаразени е за 12 отсто поголем од претходниот ден, а досега растот беше од 20 отсто.

Од првиот случај на коронавирус во Шпанија на 30 јануари, досега се потврдени 85.195 случаи на зараза. Од последиците на овој вирус во таа земја досега починаа 7.340 пациенти, а се излекуваа 16.780 лица. Од Шпанија повеќе заразени имаат само САД и Италија

Би можело да ве интересира

Студија: Скоро една третина од луѓето кои прележале ковид-19, по неколку месеци повторно биле во болница

Жарко Настоски

Словенија ja поддржува идејата за „ковид пасоши“

Жарко Настоски

Португалија со рекорден број починати за еден ден, се подготвуваат построги мерки

Жарко Настоски

Словенија: Десетина пратеници сомнителни на коронавирусот, Парламентот не го одложува гласањето за доверба на Владата

Жарко Настоски

Од утре почнува масовна вакцинација во Србија

Ана Ололовска

Ново „затворање“ во Австрија, Владата бара поголемо растојание меѓу луѓето и одреден тип маски

Ана Ололовска