Шпанската полиција во запленетата нарко-подморница открила над три тона кокаин

Од:

Шпанската полиција, откако ја извлече на брегот запленетата нарко-подморница, што ја откри во непосредна близина на Понтеверде, во Галиција, утврдила дека во неа имало повеќе од три тона кокаин, што е количество поголемо од тоа што првично се претпоставуваше.

Во подморницата, долга околу 20 метри, биле пронајдени 152 пакети со повеќе од 3.000 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар изнесува повеќе од 100 милиони евра, пренесе весникот „Ел Паис“.

Според владиниот делегат во Галиција, Хавиер Лосада, ова е воедно и првата нарко-подморница пресретната во водите на ЕУ.

-Тоа беше историска операција, бидејќи за првпат пловило со таква намена е откриено во Европа, рече Лосада и се заблагодари на помошта од владите на САД, Велика Британија, Бразил и Португалија.

Според него, уапсени се двајца членови на екипажот со потекло од Еквадор, додека за третиот член, шпански државјанин, се уште се трага.

Лосада кажа дека подморницата имала резервоар за гориво за да го мине океанот и предупреди дека шверцерите со дрога и натаму ја внесуваат дрогата во Европа користејќи различни видови пловила.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски