Шпанската полиција уапси лице осомничено за минатогодишните инциденти со испратени писма-бомби

Од:

Шпанската полиција денеска уапси 74-годишен маж осомничен дека во ноември и декември минатата година испраќал писма-бомби до амбасадите на Украина и на САД, како и на уште неколку институции во земјата.

Според шпанското Министерство за внатрешни работи, лицето кое е државјанин на Шпанија било приведено во северниот град Миранда дел Ебро.

Едно лице беше полесно повредено од писмо-бомба во Украинската амбасада во Мадрид.

Вкупно шест пакети со експлозив беа испратени на целни адреси, вклучувајќи го премиерот Педро Санчез, владини канцеларии, агенција на ЕУ и Американската амбасада помеѓу 24 ноември и 2 декември.

Осомничениот е уапсен откако „Њујорк Тајмс“ објави дека истрагата во врска со писмените бомби последните недели била фокусирана на „Руското царско движење“ – радикална група поврзана со екстремно десничарски шпански организации. Се верува дека групата е поврзана со руски разузнавачки агенции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Шпанија е уапсен Албанец кој уби Србин и тешко рани државјанин на БиХ

Горан Наумовски

Нека стане пракса: Маж осуден да и плати 204 илјади евра на жената за чистење по дома

Анита Петровска Рајковиќ

Во Шпанија уапсена е банда составена од Украинци и Руси која ограбувала бегалци

Пациентот во Шпанија е негативен на заразната болест од која умираат 88 отсто од заразените

Во Шпанија откриен можен случај на заразна болест од која умираат 88% од заразените

Шпанија донесе закон со кој се дозволува „менструално отсуство“ од работа