Шпанската полиција разби мрежа за шверц на дрога и приведе десетици лица

Од:

Шпанската полиција разби нарко-синџир што шверцувал големи количини хашиш и марихуана во северна Европа.

Вкупно 100 лица се беа апсени на различни места низ Андалузија во јужна Шпанија и запленети се над пет тони хашиш и 230 килограми семе марихуана, објави денеска Цивилната заштита на својата веб-страница.

Бандата ја донела дрогата со глисер од Мароко преку Средоземното Море, преку реката Гвадалкивир до Севилја и ја криела во магацини меѓу товар.

Дрогата потоа биле испратена со камиони во Франција и на север. Два од камионите биле пресретнати во Шпанија и еден во Франција.

Шпанија одамна е важна транзитна рута за дрога од Северна Африка и Латинска Америка кон Северна Европа. Во 2019 година полицијата заплени 38 тони кокаин и 350 тони хашиш.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски