Шпанската партија Вокс бара изградба на ѕид околу двете енклави во Мароко поради мигрантите

Од:

Шпанската крајно десничарска партија Вокс предложи изградба на ѕид околу двете шпански енклави во северна Африка за да се спречи нелегалното влегување на мигрантите.

Генералниот секретар на партијата Хавиер Ортега Смит рече дека ѕидовите се потребни за да се спречи „лавината“ мигранти кои ја уриваат пограничната ограда и илегално влегуваат во двата шпански града на брегот на Мароко, Мелиља и Сеута.

Партијата не смета дека Шпанија треба да побара или да очекува од Мароко да ги плати ѕидовите, за разлика од ѕидот на јужната американска граница за кој американскиот претседател Доналд Трамп инсистира дека Мексико треба да го финансира.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 3.624 мигранти влегле преку копно во шпанските автономни градови Мелиља и Сеута, без одобрение, од почетокот на годинава до крајот на август. Тоа се 951 мигрант помалку од истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Валенсија

Горан Наумовски