Шпанската крајбрежна стража кај Канарските острови спаси 34 мигранти

Од:

Шпанската крајбрежна стража во текот на ноќта спасила повеќе од 30 мигранти во близина на Канарските острови, кои тврделе дека на нивниот неизвесен пат преку морето настрадало едно деветгодишно дете.

Спасувачите соопштија дека малиот брод бил забележан минатата ноќ на околу 160 километри јужно од островот Гран Канарија.

Во чамецот имало 11 мажи, 20 жени и три деца.

Преживеаните мигранти тврделе дека деветгодишно момче им починало во текот на патувањето и дека неговото тело го фрлиле во морето.

Во текот на 2020 година, на Канараските острови пристигнаа околу 23.000 мигранти.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он