Шпанија: Три жртви и над 200 заразени од листерија

Од:

Три лица починаа, а најмалку 222 лица се заразени во најголемата епидемија на листерија во Шпанија досега, соопшти Светската здравствена организација.

Заразата, која најверојатно е причинета од свинско месо произведено на југот од државата, главно погоди жени или постари од 65 години, додава СЗО.

Повеќето од пациентите се од Андалузија затоа што фабриката за преработка на месо Магрудис се наоѓа во Севиља. Од маркетите се повлечени производи од преработено свинско месо од таа фабрика пред први мај.

СЗО, сепак, предупредува за натамошно зголемување на бројот на заболени бидејќи производите на „Магрудис“ се многу популарни во Шпанија, имаат рок на траење од три месеци, а земјата ја посетуваат голем број туристи кои веројатно летово конзумирале производи од таа фабрика.

Листерија или листериоза е заразна болест предизвикана од Listeria monocytogenes и влегува во човечкото тело со контаминирана храна. Обично предизвикува болест што се третира ефикасно со антибиотици, но може да биде и смртоносна за бремени жени, бебиња, стари лица и лица со ослабен имунолошки систем.

Три од смртните случаи на листерија се стари лица, а кај шест бремени жени, болеста предизвика абортус, објави СЗО.

Би можело да ве интересира

Каталонските сепаратисти маршираат кон Барселона

По насилствата во Каталонија, приведени 51 лице

Ана Ололовска

Во Брисел пристигна ново барање за апсење на Пуџдемон

Ана Ололовска

Шпанската Влада ги осуди судирите во Каталонија

Ана Ололовска

Нови судири меѓу полицијата и демонстранстите во Барселона

Ана Ололовска

Осудените Каталонци ќе поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права