Шпанија со пакет мерки за поддршка на потрошувачите против поскапувањето на струјата

Од:

Шпанската Влада денеска одобри пакет мерки за заштита на потрошувачите од поскапувањето на електричната енергија, соопшти Владата на Твитер.

Пакетот е усвоен со цел да се прошири заштитата на потрошувачите поради поскапувањето на електричната енергија, се вели во соопштението. Пазарот станува потранспарентен за да го олесни донесувањето одлуки и да им помогне на индустриите да склучат долгорочни договори за електрична енергија.

Со цел да се обезбеди транспарентност, Владата воведува нови обврски за енергетските компании, кои ќе ѝ овозможат да дознае за механизмот за одредување на цените. Компаниите мора да и достават на Националната комисија за секторски пазари и конкуренција транспарентни информации за цените на достапните понуди.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно вети дека пред почетокот на зимата, властите ќе обезбедат дополнителни 100 милиони евра помош за речиси 1,2 милиони ранливи домаќинства.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски