Шпанија со најстроги регулативи ќе го ограничи рекламирањето на обложувалниците

Од:

Шпанската Влада денеска најави дека планира да воведе најстроги регулативи во Европската унија за ограничување реклами за кладилници преку Интернет.

Рекламирањето за обложување, особено спортското, во последните години во Шпанија нагло расте и доминира во рекламите за време на фудбалските натпревари.

Според министерот за потрошувачка Алберт Гарсон, планираните мерки ќе влијаат на рекламите на Интернет, телевизијата и спортските настани, а се со цел запирање на околу 80 проценти од тековните рекламни огласи за обложување преку Интернет.

Законот ќе ги ограничи рекламите за телевизиски обложувања меѓу 01 и 05 часот наутро, освен за време на спортски настани, кога тие можат да бидат прикажани само по 20 часот.

За време на викендите, пак, многу фудбалски натпревари започнуваат пред 20 часот.

Освен тоа, на познати забавувачи или спортски ѕвезди ќе им биде забрането да учествуваат во реклами за обложување.

На обложувалниците ќе им биде забрането да им наплаќаат на спортските стадиони за да ги рекламираат, а на тимовите спонзорирани од нив ќе им биде забрането да продаваат дресови со детски големини со името на обложувалницата.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски