Шпанија се приклучи на француско-германскиот проект за борбени авиони

Од:

Шпанија денеска се приклучи на француско-германскиот проект за изградба на борбени авиони од новата генерација, што е иницијатива која се смета за клучна за да се осигури дека Европа може да се брани и дека не е зависна од сојузниците во се понесигурниот свет.

Дасаулт Авиејшен и Ербас ќе направат воен авион, кој ќе биде оперативен од 2040 година, со цел Дасаулт Рафал и германскиот Еврофајтер да се заменат со време.

Министрите за одбрана на Франција, Германија и Шпанија потпишаа договор за започнување на трилатералната рамка за соработка на 53-от Меѓународен саем за воздухопловство во Париз.

Министрите седеа пред моделот на авионот, а францускиот претседател Емануел Макрон аплаудираше зад нив. Францускиот Сафран и германскиот МТУ Аеро енџинс заеднички ќе развиваат нови мотори за авиони.

Се очекува француската и германската влада да ги вложат првите четири милијарди евра до 2025 година, од кои Франција, лидер на проектот, ќе даде сума од 2,5 милијарди евра, информира француското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо