Шпанија прва во Европа воведува платено боледување за жени со силни менструални болки

Од:

Шпанија би можела да стане првата земја во Европа што ќе им дозволи боледување на жените со силни менструални болки.

Извори од владејачката коалиција соопштија дека очекуваат законот да биде одобрен по постигнатиот договор меѓу Министерството за еднаквост што и ги иницираше тавите реформи и Министерството за социјално осигурување.

Се очекува Владата во Мадрид утре да го одобри предлогот за измена на Законот со кој се предвидува менструално боледување од три до пет дена месечно.

„На жените со болна менструација ќе им го признаеме правото на посебна привремена попреченост што државата ќе им го плати уште од првиот ден“, напиша на „Твитер“ министерката за еднаквост Ирен Монтеро.

Законот дозволува и абортус во државниот здравствен систем, како и укинување на задолжителната родителска дозвола за прекинување на бременоста за девојчињата на возраст од 16 и 17 години.

Доколку биде усвоен тоа ќе биде првиот закон што дозволува менструално отсуство во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски