Шпанија: По изборите не се очекува излез од политичката ситуација

Од:

Неизвесно е дали парламентарните избори во Шпанија в недела ќе доведат до излез од сегашниот политички ќор-сокак во земјата, бидејќи ниту левицата, ниту десницата имаат шанса да освојат парламентарно мнозинство, прогнозираат денеска три истражувања на јавното мислење спроведени по барање на шпански весници.

Според анкетите на компаниите за маркетиншки и социолошки испитувања „НС Репорт“, ГАДЗ и „СигмаДос“ спроведени по барање на весниците „Расон“, „А Бе Се“ и „Мундо“, победници на изборите ќе бидат социјалистите, но повторно нема да располагаат со мнозинство за да состават влада.

Партијата на актуелниот шпански премиер Педро Санчес ќе загуби одредена поддршка, освојувајќи околу 120 пратенички места, додека екстремно десничарската партија „Вокс“ ќе добие моќ и ќе стане трета по големина политичка сила со околу 40 мандати во 350-члениот Долен дом.

Десноцентристичката Народна партија, која заедно со социјалистите доминира во политичкиот живот во Шпанија, се очекува драстично да го зголеми бројот на своите пратеници, додека либералната партија „Сиудаданос“ ќе претрпи најголем пораз на следните избори, со една третина помалку местата за разлика од април.

Согласно шпанското законодавство, денеска е последен ден за спроведување социолошки анкети пред одржувањето на изборите.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата