Шпанија го укинува карантинот за странски туристи од 1 јули

Од:

Шпанија од 1 јули ќе го укине двонеделниот карантин за странските туристи, објави денеска шпанската Влада.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја на својот профил на Твитер напиша: „Најлошото е зад нас“ со емотикони бикини, очила за сонце и куфери.

„Во јули, постепено ќе ја отвориме Шпанија за странските туристи, ќе го укинеме карантинот, ќе ги обезбедиме највисоките здравствени стандарди. Со нетрпение очекуваме да ве угостиме“, напиша таа на Твитер.

На баровите и рестораните во Мадрид и Барселона од денеска им е дозволено да работат во надворешниот дел со половина капацитет, но многумина остануваат затворени прашувајќи се дали тоа ќе биде профитабилно за нив.

Би можело да ве интересира

Двајца пратеници на Мадагаскар починаа од последици на коронавирус

А1он

ВИДЕО: Активисти во Лондон истурија црвена боја во водата на градските фонтани во знак на протест

Тестирањето на вакцината против коронавирус во Русија во финална фаза – нуди имунитет без несакани дејства, тврдат лекарите

Горјан Грнчаровски

Иванишевиќ го победи коронавирусот

А1он

Српската премиерка ќе предложи мерка – задолжително носење маски во затворен простор во цела држава

А1он

Над 15.000 новозаразени лица со Ковид-19 за едно деноноќие во Флорида

А1он