Шпанија ги отвора своите граници за вакцинираните патници

Од:

Шпанија ги отвора од денеска своите граници за патниците вакцинирани против коронавирусот, кои доаѓаат од ЕУ, трети земји или земји поврзани со Шенген, во обид да го оживеат својот туристички сектор.

Патниците што пристигнуваат во Шпанија треба да имаат потврда за вакцинација против Ковид-19. Од денеска ќе бидат дозволени крстарења од пристаништата.

Шпанската министерка за здравство Каролина Дарија изјави дека Шпанија е во процес на враќање на своето глобално лидерство во туризмот и дека е безбедна дестинација.

Претходно, Шпанија дозволи влез на европски посетители кои имале негативен ПЦР тест во претходните 72 часа, но од денеска тие посетители можат да направат поевтин антиген-тест.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и противниците на здравствениот пасош на Елисејските полиња

Ана Ололовска

Бугарија од понеделник се затвора за патниците од Холандија, Малта, Андора и Грузија заради Ковид-19

Ана Ололовска

Мицотакис ги повика Грците задолжително да се вакцинираат

Ана Ололовска

Повторно демонстрации во Франција против здравствениот пасош и вакцинацијата

Ана Ололовска

СЗО Европа-ЕЦДЦ: Делта-варијантата доминатна во Европа, да се зајакнат напорите да се спречи трансмисија

Ана Ололовска

Во Австрија расте бројот на заразени повратници од одмор во Хрватска и Шпанија

Жарко Настоски