Шпанците помлади од 60 години вакцинирани со Астра Зенека може да добијат втора доза од оваа вакцина

Од:

Шпанците на возраст под 60 години кои ја примиле првата доза на вакцината на Астра Зенека ќе им биде дозволено да добијат втора доза или од тој производител или од Фајзер, соопшти шпанската министерка за здравство Каролина Даријас.

Таа додаде дека ова е исклучок поради вонредни околности.

Шпанија во март ја ограничи употребата на вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 на луѓе постари од 60 години, поради загриженост за можна појава на згрутчување на крвта кај помлади луѓе по вакцинирањето. Со тоа околу 1,5 милиони Шпанци кои ја примија првата доза на Астра Зенека беа во неизвесност.

Студијата Комбивакс, спроведена од шпанскиот институт за здравство Карлос III, утврди дека вакцинацијата со вакцината на Фајзер кај луѓе кои ја примиле првата доза на Астра Зенека е безбедна и ефикасна.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Валенсија

Горан Наумовски