Шпан бара ограничување на извозот на вакцини од ЕУ

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан повика на ограничување на извозот на вакцините произведени во ЕУ.

Шпан за јавниот сервис ЗДФ истакна дека за вакцините, „кои ја напуштаат ЕУ“, треба да се воведе дозвола, за да се знае што се произведува, што ја напушта Европа и ако ја напушта Европа, дали правично се распределуваат.

Во врска со најавеното доцнење во испораката на вакцините на компанијата АстраЗенека, Шпан рече дека сфаќа оти може да има проблеми со сложени процеси како што е производство на вакцини.

Меѓутоа тој истакна дека овој проблем треба фер и рамноправно да влијае врз сите.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски