Шолц: За оваа зима, енергетската безбедност на Германија е загарантирана

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја бранеше политиката на својата влада денеска, за време на генералната дебата во Бундестагот, и тврди дека Германија добро се справува со финансиската криза и рече дека земјата е енергетски безбедна оваа зима.

„Ова е криза за која отворено можеме да кажеме дека ја имаме под контрола“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц (Социјалдемократската партија на Германија СПД) за време на отворањето на парламентарната расправа за буџетот.

Германскиот канцелар рече дека неговата социјалдемократско-зелено-либерална влада обезбедила снабдување со енергија во текот на претстојната зима и покрај проблемите предизвикани од руската агресија врз Украина.

„За оваа зима, енергетската безбедност на Германија е загарантирана“, рече Шолц.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ