Шолц: Путин се обидува да ја подели Европа

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин стравува дека „искрата на демократија“ ќе се прошири и врз неговата земја и додаде дека се обидува да ја подели Европа и да се врати во светот во кој доминираат сферите на влијание.

Во интервју за весникот „ Muenchner Merkur“, а во одговор на прашањето дали Путин ќе го дозволи приближувањето на Украина до ЕУ, Шолц кажа дека „рускиот претседател мора да прифати дека во неговото соседство постојат заедници на демократијата што се темелат на законот кои се повеќе се приближуваат“, пренесуваат британските медиуми.

-Тој очигледно се плаши дека искрата на демократијата ќе се прошири и врз неговата земја, кажа германскиот канцелар. Исто така, кажа дека Путин сака поделена Европа и враќање на политиката на сфери на влијание.

„Нема да успее во тоа“, кажа Шолц

Германскиот канцелар предупреди дека скокот на цената на енергијата веројатно ќе трае уште долго и го отфрли тврдењето на Русија дека го прекинала дотокот на гас бидејсќи и недостасуваат неопходни резревни делови заради санцкиите.

-Тоа објаснување не е убедливо, порача германскиот канцелар во интревјуот за весникот „Muenchner Merkur“.

Би можело да ве интересира

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски