Шолц: Путин да признае дека не може да победи во војната

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин мора да се откаже од своите „империјални амбиции“ кои ризикуваат да ги уништат Украина и Русија и да признае дека не може да победи во војната, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Затоа нема да прифатиме никаков мир диктиран од Русија и затоа Украина мора да биде способна да го одбрани рускиот напад“, рече Шолц во своето прво обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Враќањето на империјализмот, со војната на Путин против Украина, не беше катастрофа само за Европа, туку и за глобалниот мировен поредок заснован на правила, рече канцеларот.

– Ние ја поддржуваме Украина со сите сили: финансиски, економски, добротворни и исто така со оружје, нагласи тој.

Непосредно пред канцеларот да замине од Германија за Њујорк, владата во Берлин вети дополнителни испораки на оружје од резервите на Бундесверот, вклучувајќи уште четири самоодни хаубици.

Германскиот канцелар рече дека акциите на Русија во Украина не се само катастрофа за Европа, туку и за глобалниот поредок и светскиот мир.

– Затоа беше толку важно што 141 држава недвосмислено ја осудија руската инвазија овде во оваа просторија, рече Шолц, мислејќи на гласањето во ОН во март по нападот на Русија врз нејзиниот сосед.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат