Шолц: Путин е во можност да ја продолжи војната уште долго време

Од:

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин, да изврши инвазија врз соседната Украина, е донесена однапред, смета германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесе ДПА.

– Јас мислам дека одлуката да се почне војната е донесена една година претходно или можеби уште порано, затоа што тој се подготвуваше за тоа. Па затоа тој ќе биде во можност да продолжи со војната уште долго време, изјави Шолц во интервју за Си-би-ес.

Шолц призна дека било грешка што европски земји станале зависни од руската енергија.

– Ние требаше да инвестираме во инфраструктурата низ Европа што ќе ни дава можост да смениме набавка, од ден за ден. Ова е лекција научена во Европа и на многу други места, дека треба да се биде подготвен – подготвен за ситуација како оваа, појасни германскиот канцелар.

На прашањето колку Германија троши за руски увоз на енергија, тој само одговори дека сумата се намалува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци