Шолц: Потребна е глобална соработка за решавање на кризите

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во денешниот говор на крајот на Светскиот економски форум во Давос, изрази надеж за глобална соработка за решавање на проблемите поврзани со климатските промени, гладот ​​и војните.

Изразувајќи надеж дека земјите од светот ќе работат заедно за да се соочат со заедничките кризи, Шолц рече дека светот повеќе не е биполарен како за време на Студената војна, кога САД и Советскиот Сојуз доминираа со геополитиката.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „сака да се врати во светскиот поредок во кој најсилните диктираат што е правилно, а во кое тоа не е слобода, суверенитет и самоопределување“.

„Ако некои сакаат да не вратат назад во минатото на национализмот, империјализмот и војната, нашиот одговор е: ‘Не со нас!’. ‘Ние се залагаме за иднината’“, рече Шолц.

„Кога ќе сфатиме дека нашиот свет станува мултиполарен, тогаш мора да не поттикне на уште поголем мултилатерализам, на уште поголема меѓународна соработка“, истакна Шолц.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски