Шолц од Атина изрази поддршка за европската перспектива на Западен Балкан

Од:

И двајцата сакаме да го промовираме пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес- конференција во Атина со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, веднаш по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Проширувањето на Европската унија беше една од темите за кои разговарале германскиот канцелар и грчкиот премиер, прашање за кое Шолц рече дека е особено важно за него, а била спомената, како европската перспектива на Украина и Грузија, така и на земјите од регионот.

– Исто така разговаравме, и ова е многу важно за мене, и за проширувањето на Европската унија, за интегративната перспектива на Украина и Грузија, но главно е прашањето за земјите од Западен Балкан. Перспектива што се отвори пред 20 години и тоа во Солун, кога им рековме на овие земји дека може да станат членки на ЕУ. И двајцата особено се обврзуваме и сакаме да го промовираме пристапниот процес на овие земји, рече Шолц.

Следната седмица, на 3 ноември во Берлин ќе се одржи Самитот за Западен Балкан, домаќин ќе биде токму германскиот канцелар Шолц, а ќе присуствува и грчкиот премиер.

На денешната заедничката прес-конференција Мицотакис и Шолц се осврнаа на низа теми како што е војната во Украина, енергетската криза, односите на Грција со Турција итн.

Пред средбата, грчкиот премиер и германскиот канцелар рано утрово го посетија Акропол.

Шолц пристигна синоќа во работна посета на Атина, директно од Париз каде што се сретна со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц: Западот да и помогне на Украина, Германија нема да се откаже од поддршката за Киев

Шолц има корона

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го повикаат Шолц, претседател на нивна сестринска партија, како што го убедил Орбан да излезе од состанок на кратко истото да го направи и со Бугарија

Предраг Петровиќ

Шолц најави кратења: Ги намалува трошоците и субвенциите, поддршката за Украина останува

Горан Наумовски

Шолц: Вучиќ и Курти ќе го спроведат договореното

Горан Наумовски

Разговор кој може да го промени текот на војната: Шолц сака да зборува со Путин и да побара од него една работа

Ана Ололовска