Шојгу: Воспоставуваме поморски коридори за извоз на жито

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека се воспоставуваат два „хуманитарни“ поморски коридори во Црно и во Азовско Море, со цел да се овозможи извоз на жито.

Преземаме сет мерки за да овозможиме безбедна пловидба во водите на Црното и на Азовското Море. Опасноста од мини во пристаништето Мариупол е целосно елиминирана, истакна Шојгу.

Русија тврди дека не го попречува извозот на украинско жито, како и дека ако властите во Киев сакаат да извезуваат жито треба да ги отстранат мините од деловите на Црното Море, што се под украинска контрола. Но, со тоа руските воени бродови ќе можат уште повеќе да се приближат до јужниот брег на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ