Шојгу: Во ноември украинските сили загубија 8.300 војници

Од:

Во ноември, украинските сили загубија 8.300 војници, пет авиони, 10 хеликоптери, 149 тенкови, повеќе од 300 оклопни транспортери, рече Сергеј Шојгу.

Во последниот период руската армија ги ослободи Мајорск, Павловка, Опитно, Андреевка, Белегоровка Јужна и Курдумовка во Донбас, изјави рускиот министер за одбрана.

„На фронтот Луганск-Доњецк и јужниот дел на Донецк, на непријателот му се нанесени големи загуби и во жива и во воена опрема“, додаде тој.

Само во последните две недели, украинските сили истрелаа 33 проектили со голем калибар врз нуклеарната централа, рече тој.

„Нашите единици ги преземаат сите мерки за да се осигура безбедноста на нуклеарната централа Запорожје. Режимот во Киев се обидува да создаде изглед на нуклеарна катастрофа со тоа што ќе продолжи намерно да го гаѓа тој објект“, рече тој.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал

Голема победа за двајца руски милијардери, ЕУ мора да им ги укине санкциите

Катерина Ѓуровски