Шојгу: Одбивме голем украински напад на југ, тие мораа да се повлечат со големи загуби

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека неговите сили одбиле голем обид на украинските војници да ја пробијат линијата на фронтот во јужниот дел на регионот Запорожје во текот на ноќта и им нанеле големи загуби.

Ројтерс не можеше да го потврди ова од независни извори, а коментар немаше ниту од украинското Министерство за одбрана. Некои руски и западни претставници веруваат дека Украина ја започна долгоочекуваната контраофанзива оваа недела, но Киев јавно не го потврди тоа.

Шојгу рече дека неговите сили одбиле четири одделни украински напади на јужниот фронт во текот на ноќта и дека силите на Киев морале да се повлечат „со големи загуби“.

„Денеска во 1:30 часот непријателот се обиде да ги пробие нашите одбранбени линии во правец на Запорожје со силите на 47 механизирана бригада до 1.500 луѓе и 150 оклопни возила“, соопшти Шојгу.

„Непријателот беше забележан навреме од нашите извидувачки сили и нашата артилерија и воздухопловните сили извршија превентивен напад користејќи противтенковско оружје.

Шојгу тврди дека Украина изгубила 30 тенкови, 11 оклопни транспортери и до 350 војници. Вчера тој рече дека украинските сили претрпеле уште поголеми загуби во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел