Шојгу: Германската министерка за одбрана зборува како да е во основно училиште

Од:

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, денеска ја оцени за „нагласено детска“ изјавата на неговата германска колешка, Анегрет Крамп-Каренбауер, дека „со Русија треба да се разговара од позиција на сила“.

Говорејќи на 75-годишнината од големата победа во Втората светска војна, Шојгу потсети дека годинава во Црно море е пронајден бродот „Ерменија“ со остатоци од цивили. Според него, ова е една од многуте епизоди на војната за кои треба да се зборува, јавија руските медиуми.

-Особено кога денешните генерации политичари, на пример од истата таа Германија, почнуваат да не учат како да живееме или дека со нас треба да разговараат од позиција на сила, рече Шојгу.

Руските медиуми наведуваат дека германската министерка неодамна во Бундестагот кажа дека со Русија, за разоружувањето, треба да се разговара од позиција на сила.

-Тоа е повеќе како говор на ученичка од пониските одделенија, со кој напаѓа ученици од друго училиште. И притоа таткото или мајката на ученичката е директор на училиштето и затоа таа може да си дозволи така да се однесува. Но, деца, ние сме во друго училиште и нашиот директор е некој друг, додаде Шојгу.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он