Шојбле: Јункер не е алкохоличар

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска застана во одбрана на кандидатот за претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер по обвинението на британските медиуми дека тој е „склон кон алкохол“.

Еден британски весник пред самитот на Европската унија објави тврдење на неименувам извор дека Јункер (59), поранешен премиер на Луксембург и повеќегодишен претседател на Еврогрупата, има навика за доручек да пие коњак.

– Јас сум член на Еврогрупата уште од крајот на 2009 година и никогаш никого немам видено пијан, посебно Јункер. Никој не бил пијан ниту попладне, ниту навечер, ниту рано наутро или по повеќечасовните состаноци до касно во ноќта, истакна Шојбле.

Тој посочи дека не тврди оти Јункер е антиалкохоличар.

– Исто така и јас понекогаш пијам, дури и на состаноците на Еврогрупата, кога понекогаш се случува со вечерата да испијам една чаша вино. Тогаш Јункер пие пиво. Но, никогаш не сум го видел пијан, наведе Шојбле.

Наследникот на Јункер на местото претседател на Еврогрупата, Јерон Дијселблом за една холандска телевизија во јануари изјави дека Јункер на состаноците пуши една по друга цигара и многу пие. Јункер подоцна негираше дека има проблем со алкохолот.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени