Шојбле: Германија ќе стори се за му помогне на Макрон да ја зајакне ЕУ

Од:

Германија ќе стори се во рамки на нејзината моќ за да му помогне на новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон да ја зајакне Европската унија и еврозоната, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

– Ќе сториме се што е можно за да го поддржиме Макрон, изјави министерот на настан на Демохстијанската унија.

Шојбле предупреди и дека некои од предлозите на Макрон, вклучувајќи го и тој за европски министер за финансии ќе бараат промени во договорот на ЕУ, кои според него во моментот се нереални.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор