Шкотска бележи најголем дневен пораст на новозаразени од коронавирус во изминатите три месеци

Од:

Премиерката (Прва министерка) на Шкотска, Никола Стерџен соопшти дека вкупниот број на случаи регистрирани во земјата сега изнесува 19.534.

Таа додаде дека нема регистрирано нови смртни случаи во Шкотска во последните 24 часа.

Стерџен потврди дека Шкотска ќе остане во третата фаза од нејзиниот план за олеснување на мерките за заштита од вирусот, откако е забележан најголем дневен пораст на пријавени случаи од 22 мај, пренесуваат британските медиуми.

Затегнување на мерките се воведени на локално ниво во Абердин и во Купа Ангус поради зголемување на бројот на заразени.

Експертите во Шкотска сметаат дека доколку ситуацијата не се стабилизира до следната недела, треба да се размислува за воведување на дополнителни ограничувања.

И покрај новонастанатата ситуација во земјата, Стерџен изјави дека најавените олеснувања за 24 август треба да продолжат како што се настаните на отворено, но дека граѓаните треба да внимаваат на физичкото растојание, да водат грижа за хигената како и да постои ограничување на бројот на посетители, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски