Шинаватра обвинета и за корупција со субвенциите за ориз

Од:

Државната антикорупциска комисија во Тајланд покрена постапка за казнување на вчера сменатата премиерка на Тајланд Јинглук Шинаватра, обвинета за корупција со субвенциите за ориз.

Претставник на Комисијата изјави дека располага со „доволно докази“ за покренување постапка против Шинаватра, па нејзиниот случај сега е предаден на Сенатот во Парламентот.

Доколку таа биде прогласена за виновна, може да биде казнета со петгодишна забрана за политичка дејност. Тоа би значело дека доскорешниот премиер и лидер на партијата Пеу Таи, не ќе може да учествува во трката за пратеник, на изборите што се закажани за 20 јули.

Комисијата соопшти дека се уште испитува дали против неа да покрене и кривична постапка, но Јинглук ги отфрли сите обвинување,оценувајќи ја одлуката како нефер и тендециозна.

– При оценувањето, членовите на комисијата се раководеле од оценката за субвенционирање на оризот како владина политика, па немаат ништо што може да се означи како корупција. Затоа и одлуката не е чесна и е политички мотивирана, изјави Шинаватра.

Со шемата за субвенционирање, Владата во Бангкок го откупи целото производство на ориз од домашните фармери, по многу пониска цена од онаа на светскиот пазар. Тоа е добро за фармерите, но создава проблеми за државната економија која се соочува со големи резерви ориз од кои Тајланд тешко се ослободува, па опозицијата и критичарите на субвенционирањето тврдат дека станува збор за „прескапа операција“ која уште е и „лесно податлива на корупција“.

Јинглук Шинаватра во јули 2011 година победи убедливо на парламентарните избори,со голема подршка на гласачите од руралните средини и на северзападниот дел на земјата. Опозициската Демократска партија, обично ја има подршката од средната класа и на гласачите од градските средини, па таа е остар критичар на субвенционирањето на фармерите, за кое опозицијата вели дека се дава за да може Пеу Таи партијата да победува на изборите.

Шинаватра вчера беше сменета од функцијата откако Уставниот суд утврди дека ја „злоупотребила власта, со некои мерки на непотизам“ што предизвика воодушевена реакција на опозицијата, која од ноември минатата година протестира низ улиците на Бангкок, барајќи нејзина оставка или сменување. Движењето „Црвени кошули“ кое е силен подржувач на Шинаватра и на нејзината политика, најави масовни протести во сабота, против нејзиното тргање од функцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач