Шин Фејн побара преговори со Фина Фојл за формирање ирска влада

Од:

Ирската левичарска националистичка партија Шин Фејн денеска соопшти дека официјално побарала преговори со партијата на десниот центар Фина Фојл за да дискутираат за опции за формирање нова Влада по изборите изминатиот викенд.

Барањето става притисок врз лидерот на Фина Фојл Мајкл Мартин, чија партија има 38 пратеници во парламентот со 160 места, за да го разјасни неговиот став за евентуална соработка со Шин Фејн, која има 37 места.

Шин Фејн, Фина Фојл и централно-десничарската партија Фин Геjл на премиерот Лео Варадкар обезбедија по нешто помалку од една четвртина од пратеничките места во Парламентот, што значи дека ќе биде тешко да се формира влада освен ако не соработуваат барем две од три партии.

– Мајкл Мартин рече „Јас сум демократ, ги слушам луѓето и ја почитувам одлуката на народот“, така што тој знае дека народот гласаше за промена, нагласи лидерката на Шин Фејн, Мери Лу Мекдоналд, во изјавата со која објави дека е упатено официјалното барање.

– Сите имаме обврска итно да дејствуваме, додаде таа.

За време на предизборната кампања, Мартин ја отфрли можноста да склучи договор со Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА), но во изјава веднаш по гласањето одби да ја исклучи таа можност.

Пратениците на Фина Фојл денеска ќе дискутираат за ова прашање. Весникот „Ајриш Тајмс“ јави дека се очекува Мартин да ја исклучи таквата коалиција.

Поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија, освои 24,5 проценти од гласовите, речиси двојно повеќе од претходните избори. Со овој резултат, Шин Фејн ја претекна партијата на десниот центар Фина Фојл која освои 22, 2 проценти и Фин Гејл, партијата на премиерот Лео Варадкар, која освои 20,9 проценти од гласовите.

Изборните аналитичари оценуваат дека овој резултат претставува сеизмички пресврт во ирската политика.

Две партии на десниот центар, кои речиси 100 години доминираат во ирската политика, Фин Гејл и Фина Фојл, уште во предизборната кампања ја отфрлија можноста за коалициска влада со Шин Фејн.

– Би било фер да се каже дека овие избори се историски. Тоа е како револуција во гласачките кутии, изјави по изборите на Шин Фејн, Мери Лу Мекдоналд.

Сепак, кога станува збор за бројот на мандати, Шин Фејн има едно место помалку од партијата на Мартин затоа што не учествуваше во сите изборни единици.

Во 2016 година беа потребни 10 недели да се формира влада.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден