Шин Фејн освои најмногу гласови, но не и мандати

Од:

Ирската националистичка партија Шин Фејн освои најмногу гласови на парламентарните избори, но тоа не значи дека ќе има и најмногу места во Парламентот.

Поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија, освои 24,5 проценти од гласовите, речиси двојно повеќе од претходните избори.

Со овој резултат, Шин Фејн ја претекна партијата на десниот центар Фина Фојл која освои 22, 2 проценти и Фин Гејл, партијата на премиерот Лео Варадкар, која освои 20,9 проценти од гласовите.

Изборните аналитичари оценуваат дека овој резултат претставува сеизмички пресврт во ирската политика.

Две партии на десниот центар, кои речиси 100 години доминираат во ирската политика, Фин Гејл и Фина Фојл, ја отфрлија можноста за коалициска влада со Шин Фејн.

– Би било фер да се каже дека овие избори се историски. Тоа е како револуција во гласачките кутии, изјави лидерката на Шин Фејн, Мери Лу Макдоналд.

Сепак, кога станува збор за бројот на мандати, се чини дека Шин Фејн ќе биде зад најмалку еден од неговите ривали, затоа што не учествуваше во сите изборни единици.

Малку е веројатно дека ќе биде повеќе од помлад партнер во владата.

Во 2016 година беа потребни 10 недели да се формира влада.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден