Шестмина загинаа во саботната несреќа во Ротдердам

Од:

Шест лица загинаа кога камион вчера влета во група луѓе кои уживале во забава во близина на Ротердам, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Седум лица се повредени, објавија телевизија НОС и новинската агенција АНП, повикувајќи се на полициски извори.

Возилото било на шпанска транспортна компанија.

Уапсен е 46-годишен шпански државјанин кој го управувал возилото. НОС соопшти дека мажот е под истрага за предизвикување на кобната несреќа.

Возачот не е повреден и не бил под дејство на алкохол.

Спасувачките тимови користеле кран во текот на ноќта за да го исправат камионот и да извлечат едно тело.

Причината за тешката несреќа е под истрага.

Би можело да ве интересира

Жена е повредена во сообраќајка во Тетово

Петмина повредени во сообраќајка во Кочанско

Горан Наумовски

Малолетници украле „голф“ па предизвикале сообраќајка

Двајца загинати во сообраќајка во Струмичко

Тешко повреден пешак во скопско

Струмичанец изгубил контрола над возилото и излетал од пат