Шест НВО-а побараа Франција да прекине со „дискриминаторските проверки на идентитетот“

Од:

Шест невладини организации, меѓу кои и Амнести Интернешенел, за првпат во Франција почнаа групна акција против државата со цел да се стави крај на „дискриминаторските проверки на идентитетот“ од страна на полицијата. Претседателот Емануел Макрон го призна постоењето на дискриминаторски контроли во декември 2020 година, за време на интервјуто за Брут.

По претходно известување шесте организации објаснуваат дека ќе преземат правни дејствија доколку владата не даде „задоволителни одговори“, во согласност со постапката предвидена со законот за модернизација на правдата во XXI век донесен во 2016 година “. Организациите ја преземаат оваа досега невидена иницијатива за ставање крај на дискриминаторската проверка на идентитетот, стигматизирачка, понижувачка и недостојна пракса за сите оние кои се жртви во Франција, наведуваат во соопштението за јавноста.

-Денеска, кога имаме боја на кожа која не е бела, ние сме многу повеќе контролирани (..) Ние сме идентификувани како фактор на проблем и тоа е неподносливо, призна Емануел Макрон на почетокот на декември за време на интервјуто за интернет-медиумот Брут.

Шесте невладини организации кои се вклучени во постапката се Амнести Интернешенл Франција, Хјуман рајтс воч, Иницијатива за правда на отворено општество, Заедницата за развој на солидарност (МЦДС), Пазапас и Резо – Еднаквост, Антидискриминација, правда – интердисциплинарна програма. Конкретно известување е насочено кон премиерот Жан Кастекс, министеротот за внатрешни работи Жералд Дарманан и за правда Ерик Дипон-Морети, „одговорен за замислувањето и спроведувањето на полициската акција“, велат НВО.

Невладините организации бараат измена на кодексот за кривична постапка за „експлицитно да се забрани дискриминација при проверка на идентитетот“, „создавање ефикасен и независен механизам за жалба“ или дури „обезбедување на секој кој се проверува, еден доказ дека бил контролиран“ , односно издавање на потврда.

Во ноември 2016 година, Касациониот (Врховниот) суд дефинитивно ја осуди државата за „дискриминаторска“ проверка на идентитетот. Неколку групни акции се веќе извршени во минатото, но тие беа насочени кон приватни компании како што се фармацевтскиот гигант Санофи, производителот на мотори Сафран или банката Кес д’Епарњ Ил-де-Франс.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии